Македонското вино "Вранец" предизвик за Чесите

Bez autora
Dec 04 2013

Пред чешки дистрибутери и увозници на вино, претставници на супермаркети, хотели, ресторани и политичари, во Прага беа претставени вина на македонските винарии Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Бовин, Камник, Попов, Езимит, Дудин и Ригоимпекс. Кога првпат се сретнав со вкусот на сортата "Вранец" пред 20 години, ми остави извонреден впечаток. Оваа сорта е одлика на балканските простори и таа автохтона сорта на грозје "Вранец" ја има во сончевата Македонија - вака го почна Семинарот за македонски вина истакнатиот сомелиер Иво Дворжак, кој на топол начин ја претстави македонската историја и вината кои произлегуваат од овие простори. Вранец веритасс, кој беше дел од специјалната дегустација, е вино од бербата октомври 2011.

Македонското вино "Вранец" предизвик за ЧеситеПред чешки дистрибутери и увозници на вино, претставници на супермаркети, хотели, ресторани и политичари, во Прага беа претставени вина на македонските винарии Тиквеш, Стоби, Сковин, Далвина, Бовин, Камник, Попов, Езимит, Дудин и Ригоимпекс.

- Кога првпат се сретнав со вкусот на сортата "Вранец" пред 20 години, ми остави извонреден впечаток. Оваа сорта е одлика на балканските простори и таа автохтона сорта на грозје "Вранец" ја има во сончевата Македонија - вака го почна Семинарот за македонски вина истакнатиот сомелиер Иво Дворжак, кој на топол начин ја претстави македонската историја и вината кои произлегуваат од овие простори.

Вранец веритасс, кој беше дел од специјалната дегустација, е вино од бербата октомври 2011. Грозјето користено за производство на ова вино е од сопствените лозови насади на винаријата, стари повеќе од 30 години, во Вардарското виногорје. Ова вино е одлежано во дабови буриња во барикот на винаријата Стоби. Беше претставено и виното "Марков манастир" на винаријата Сковин, како и "Синтезис" на винаријата Далвина и "Тероир" на винаријата Камник.

- Вината кои ги пробавме, посебно оние црвените, не можат да се споредат со нашите домашни вина, и се неспоредливо подобри и повкусни бидејќи имате повеќе сонце - , изјави за МИА, Франтишек Весели, претставник на компанијата "Вегопраг".

Весели додаде дека очекува македонските црвени вина за сметка на белите сорти да освојат поголем простор на чешкиот пазар, посебно затоа што Македонија има ендемски видови на лози кои не се познати на чешкиот простор.

- Очекувам македонските вина да имаат заслужен простор на Меѓународниот саем на вина и деликатеси во април идната година и се поголем број Чеси да имаат можност да го вкусат единствениот вкус на македонското вино - заклучи Весели.

Претставникот на винаријата Тиквеш, Васил Мајнов, изрази задоволство од добриот прием на вината на чешкиот пазар.

- На пазарот во Чешка сме претставени со ексклузивни вина кои се претставуваат во специјализираните продавници за вино, а сега ја реализираме новата идеја на нашиот дистрибутер, нашите вина да се продаваат и во цвеќарите каде виното ќе може да се купи како пригоден подарок - вели Мајнов. Тиквеш во Чешка е застапена и со познатата жолта ракија.

Јован Василески, дистрибутер на вината на Бовин, исто така има позитивни искуства на чешкиот пазар, посебно нагласувајќи дека најголема побарувачка има на вината произведени од сортата "Вранец".

Покрај македонско вино, се дегустираше и традиционална македонска закуска - ајвар, малиџано, лутеница и разни џемови и слатки.

Денот на македонското вино во Прага беше организирано од Здружението на вина од Македонија, со поддршка од македонското Министерство за земјоделство и Амбасадата на Република Македонија во Прага.

- Иако Чешка првенствено е позната по консумација на пиво, сепак и виното се цени и има голем простор на нивната трпеза, што покажува и податокот дека од земјите во кои Македонија извезува флаширано вино, Чешка е втора земја по Германија - изјави македонскиот амбасадор, Паскал Стојчески.

Според него, има простор за натамошно подобрување на пласманот на овој дел од европскиот пазар. Вината беа презентирани на штандови каде присуствуваат многу луѓе и се одржуваа индивидуални деловни средби меѓу македонските и чешките претставници. Како посебен, завршен настан, беше одржан Концерт на виното, замислен како најава на 17. Меѓународен саем за вино и деликатеси, кој треба да се одржи во април 2014 година и во тие рамки ВИП личности во улога на поротници ги оценуваа македонските вина.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik